Направете сама: Маска за лице од портокал и сода бикарбона

Колку и да уживаме во скапите маски за лице, од време на време не е лошо да си подготвиме нешто и самите. Сода бикарбоната е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките. Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц.maska-portokal-soda

Подготовка:

  • Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
  • Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе осетите пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути.
  • Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
  • Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.

Напомена: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со осетлива кожа може да ја остават маската да делува пократко време.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o