Премногу кофеин пред зачнувањето го зголемува ризикот од спонтан абортус

Консумирањето повеќе од два пијалака со кофеин дневно во периодот од шест седмици пред зачнувањето, во некои случаи може да резултира со спонтан абортус, покажува американско истражување чии резултати се објавени во списанието Fertility and Sterility.Image-186

Меѓутоа, научниците истакнуваат дека, сепак, истражувањето не покажало непобитна поврзаност на причината и последица, бидејќи студијата е втемелена на процени и забележувања.

Податокот кој се однесува подеднакво и на идните татковци и на мајките, може да се примени и на периодот од првите шест седмици од бременоста, покажува истото истражување. Неговите автори анализирале податоци собрани од 500 двојки од Мичиген и Тексас во периодот од 2005 до 2009 година, кои учествувале во националното истражување за поврзаноста на факторите на околината, како што се хемиските супстанции и животните навики со фертилитетот.

На примерок од 344 двојки во кои имало трудница, споредиле повеќе фактори, како пушењето во текот на бременоста, консумирањето пијалаци со кофеин и земањето мултивитамински суплементи, и на крајот од истражувањето утврдиле дека 98 трудници, или 28 отсто, завршиле со спонтан абортус.

Процениле дека соодносот од опасноста од спонтаниот абортус бил поголем за 1,74 во случаите кога жената просечно дневно консумирала повеќе од два пијалака со кофеин, во однос на групата жени кои пиеле до два кофеински пијалака дневно. Речиси ист сооднос, од 1,73, е забележан кај партнерите кои во ист период консумирале исто количество кофеин.

„Проценивме дека соодносот поголем од еден укажува на зголемен ризик од губење на фетусот во периодот по зачнувањето. Но мораме да истакнеме дека истражувањето не ја покажало непобитната поврзаност на причината и последицата, тука зборуваме за нашите забележувања“, вели др Џермејн Бак Луис, научничка од Националниот институт за здравје на децата и развој, кој делува во рамките на американскиот Национален институт за здравје.

За разлика од кофеинот, секојдневното земање на витамински додатоци во исхраната пред зачнувањето, го намалува ризикот од спонтан абортус, а опасноста е уште помала доколку со земањето на суплементите се продолжи и во текот на бременоста на првите неколку седмици од бременоста, заклучиле авторите на истата студија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o