Беласица и Брегалница на врвот од табелата во Втората лига – Исток

Беласица и Брегалница се единствените екипи со максимални 9 освоени бодови, по трите одиграни кола, од Втората лига – Исток.
Screenshot_20190907-171808_Chrome

Во претходното одиграно коло, Беласица на домашен терен со 2:1 славеше над Саса од Македонска Каменица, додека Брегалница со високо 0:6 ја победи новајлијата од Крушево, екипата на Питу Гули.

Во следното коло, Беласица на “Младост” во Струмица, ќе го пречека Кожуф од Гевгелија. Кожуф во овие три кола има освоено пет бода и се наоѓа на 4. место на табелата.

Покрај Брегалница и Беласица кои со по 9 бода ја делат првата позиција, трет на табелата е Тиквеш од Кавадарци со 7 бода, Кожуф е на 4. место со 5 бода, додека Каменица Саса, Победа и Питу Гули со по 3 бода се на петтото, шесттото односно седмото место.

Кит-Го Пехчево со 2 освоени бодови е на 8. место на табелата во Втората лига – Исток. Плачковица од Радовиш со еден освоен бод е 9. на табелата, а Осогово без освоени бодови е последен, односно 10. на табелата.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o