Академија Пандев ја пречекува Ренова во дерби натпревар

По паузата од две недели продолжува Првата македонска фудбалска лига. По петте одиграни кола, Академија Пандев е лидер на табелата во Првата лига со 10 освоени бодово.
Академија Пандев - Борец - 3. коло ПМФЛ 7

Во 5. коло, “Пандевци” во Струмица на “Младост” ќе ја пречекат Ренова, екипа која е на делба на третата позиција со 7 бода.

“Овој натпревар како дерби на колото ќе се одигра во петок, со почеток од 15 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. Покана до сите љубители на фудбалот да дојдат и да им дадат поддршка на нашите фудбалери за задржување на првата позиција и продолжување на успешниот старт на сезоната. Влезот е слободен. Од овој натпревар ќе има и директен пренос на Арена спорт како и на првиот канал на МРТВ”, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o