Поранешниот играч на “Пандевци”, Ацо Стојков го засили Осогово

Второлигашот од Кочани, Осогово, донесе големо засилување во своите редови. Осогово го договори 36-годишниот напаѓач Ацо Стојков, кој настапуваше за Академија Пандев. Со искуството на струмичкиот фудбалер, се очекува екипата од Кочани, да се засили за следните натпревари и да ги освои првите бодови за оваа сезона, бидејќи има три порази во првите три кола од Втората лига – Исток.

20190910_093743

Покрај за Академија Пандев, Стојков играше за Вардар, Скендербег, Работнички, Ботосани, Арау, Дебрецен, Партизан, Ла Лувр, Андриа, Интер, Беласица и уште неколку други клубови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o