Зелен напиток за младешки изглед

Тајната на младешкиот изглед не се крие само во скапоцената козметика, туку и во природните состојки од зеленчук. Ви откриваме рецепт на напитокот кој го чува здравјето, ја подмалдува кожата и помага при регулирање на телесната тежина.3c5be0b71f8993ef__OO_5809_3_.xxxlarge_2x

За природниот „face lifting“ напиток кој на вашата кожа ќе и подари затегнатост и еластичност, потребни ви се квасец, целер и органски зелен чај.

Кофеинската киселина и витаминот Ц имаат смирувачко и благо дејство, додека силициумовата киселина е многу силна за одржување на здавјето на ткивото на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинаија со вода, природно ја хидрира и и дава здрав сјај.

Комплексот на Б витамини од целерот постигнува претворање на јаглените хидрати во енергија, го спречува дејството на слободните радикали и кожата ја одржува здрава и мека.

Високот ниво на антиоксиданси, вклучувајќиги и витамините Ц и Е, со кои изобилува зелениот чај, го забавува процесот на стареење на кожата.

За напитокот потребно ви е:

– 2 излупени краставици

– 4 страка целер

– 2 филџани органски зелен чај

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и добро изматете ги, по потреба додадете малку вода ако смесата е премногу густа. Напитокот конзумирајте го во што пократок рок по подготовката.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o