Во Струмица одбележан ,,Денот на независноста”

Независност, самостојност, самобитност, сувереност… Колку убаво, величествено и гордо звучат овие зборови кои се длабоко вкоренети во големиот ден што денес го славиме. Овој ден за некого беше само недосонуван сон, а јавето на македонската независност имавме среќа да го видиме и почувствуваме токму ние – сведоците на случувањата кои го одбележаа овој историски чин. Овој ден не само што е вреден за паметење и чествување, туку спаѓа во големото тројство на македонскиот времеплов, заедно со Илинден – 1903 и АСНОМ – 1944 година. Можеби токму затоа Денот на независноста на нашата татковина многумина го нарекуваат „третиот Илинден“. – изјави градоналачникот на општина Струмица на денешното чествување.69676176_3186039791436812_1210513562892500992_n 69788586_3186040318103426_5147309573140381696_n 69881404_3186040558103402_8456646389412134912_n 70328725_3186039908103467_8334785454121418752_n

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o