Беласица ја победи Саса на Младост

Фудбалерите на Беласица запишаа нова победа во 3. коло од Втората лига – Исток, откако со 2:1 на “Младост” во Струмица ја совладаа Каменица Саса.
Screenshot_20190907-171808_Chrome

Беласица продолжува со одличните игри во новата сезона, и ја запиша третата победа на третиот натпревар. Струмичките фудбалери се на врвот на табелата со 9 бодови, исто толку има и Брегалница од Штип.

Саса по поразот во Струмица, е петта на табелата со 3 освоени бодови.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Кожуф од Гевгелија, додека Саса ќе биде домаќин на Брегалница. 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o