Совети за убавина што ги научивме од нашите мајки

Велат, мајките знаат најдобро, а тоа е случај и кога се во прашање советите за убавина на кои тие нѐ учеа од мали нозе. И додека многупати сме негодувале кога тие ни посочувале дека не е добро да користиме шминка во раните години, денеска целосно ги разбираме зошто ни давале такви совети.ubavina

Голем број од денешните девојчиња не можат да се замислат себеси без тон пудра и руменило и кармин во јаки бои, па сметаме дека сега е вистинското време да се потсетиме на некои од есенцијалните совети на нашите мајки на кои би сакале да им посветевме поголемо внимание. Во продолжение, извадок од цитати на мајки на стилски девојки ширум светот.

1.Мојата мајка секогаш користеше бебешки креми за нејзината кожа, а истото го наследив и јас. Тие се евтини, лесни за аплицирање и неверојатно ефективни.

2.Мајка ми ме научи да не донесувам драстични одлуки за мојата коса по 21 часот. Во тоа време, не размислувате трезвено, пред било што и да одлучите во животот, секогаш преспијте прво.

3.Никогаш не си дозволувајте да ја навикнете косата на миење секој ден. Најдобро е да ја миете еднаш или два пати во неделата. Барем еднаш неделно, дозволете си себеси полна када со купка од лаванда во која ќе уживате и ќе се релаксирате.

4.Обидете се секогаш да одите на депилација или барем правете го тоа во домашни услови. Не употребувајте брич за отстранување на влакната.

5.Најважната работа што ја научив од мајка ми, е тоа да не употребувам и пробувам премногу различни производи за кожа. Таа секогаш ги користеше производите на Dove, имаше цела колекција за секој дел од телото. Тоа го практикувам и јас денеска.

6.Мајка ми целиот живот користеше производи за убавина на природна база. Токму поради тоа, таа никогаш немаше проблеми со кожата и со косата, а ја имаше најкадравата што можете да си ја замислите.Речиси целиот живот носеше иста фризура и ја обожував заради тоа.

7.Најубавиот ритуал што ми го пренесе мајка ми се топлите бањи. Таа секогаш обожаваше да се релаксира со прекрасна овошна купка и да седи со часови во бањата. Дозволете си го тоа понекогаш.

8.Мајка ми ме научи дека не сите трендови за убавина треба да бидат применувани од сите девојки. На пример, во моментов е актуелна „боб“ фризурата, но јас имам толку тенка и лесна коса, што доколку се одлучам да го следам трендот, би била неверојатно смешна!

9.Она највредното на што мојата мајка ме научи е дека здравјето е убавина! Никогаш не запоставувајте се себеси за ништо на светот. Бидете физички активни колку што можете повеќе. Качете се по скали наместо да одите со лифт, одете пешки наместо да возите!

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o