Поинакви намени на регенераторот за коса кои не сте ги знаеле

Сте знаеле ли дека регенераторот за коса може да се користи и како пилинг за тело? Доколку не сте знаеле прочитајте ги деталите околу тоа и останатите 9 намени на регенераторот кој не мора да се користи исклучиво само за нега на косата.regenerator

Перење на свилена долна облека

Наместо да ризикувате да ја уништите свилената или долна облека од тантела, перете ја со регенератор наместо со обичен прашок или сапун за перење.

Пилинг за цело тело

Измешајте неколку лажички шеќер, лимонов сок и регенератор, ќе добиете евтин, но ефикасен пилинг за тело.

Подмачкување на патент

Кога патентите на палтата или фармерките не ви работат, наместо да ги менувате обидете се да ги разработите со тоа што ќе ги намачкате со малку регенератор.

Омекнување на заноктиците

Не само што ќе ви омекнат, после одредено третирање на заноктиците со втривање на малку регенератор, истите ќе омекнат и ќе паднат.

Безболно отстранување на фластер

Сите се муртиме кога ќе треба да го отстраниме фластерот на повреденото место, но со малку регенератор околу него, болката при отстранување ќе се намали.

Заздравување на испукани пети

Намачкајте ги петите со регенератор и навлечете памучни чорапи, преспијте со нив и повторувајте го овој третман секоја вечер. Испуканите пети целосно ќе заздрават.

Отстранување на шминка

Наместо лосион за отстранување, ставете малку регенератор на памуче и отстранете ја шминката брзо и лесно, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Заштитување на гардеробата

На газа намачкајте малку регенератор и поминете ја гардеробата на површина, истата не само што ќе мириса убаво, туку и ќе биде заштитена од молци.

Регенератор кој ќе го претворите во подобар регенератор

Додадете малку лимонов сок и етерично масло по желба во обичниот регенератор и ќе добиете нов, подобар кој ќе ја направи косата посветла, посјајна и похидратизирана.

Бричење

Кога пената за бричење ќе се потроши, земете го регенераторот во рака и намачкајте врз местата кои сакате да ги депилирате, ефектот на бричење е дури и подобар од оној со пена.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o