Со омилениот напиток против депресија

Во истражувањето спроведено на дури 250 илјади луѓе, стручњаците забележале дека депресијата е зачестена меѓу оние кои се постојани конзументи на пијалоци со вештачки засладувачи.napitok

Американските научници ја пронашле врската помеѓу редовната конзумација на диетални пијалоци и појавата на депресијата.

Во истражувањето спроведено на дури 250 илјади луѓе, стручњаците забележале дека депресијата била присутна помеѓу постојаните конзументи на пијалоци со вештачки засладувачи.

Од друга страна, редовното пиење кафе го намалува ризикот од депресија. Луѓето кои пијат четири филџани дневно имале 10 отсто помали шанси за појава на депресија во текот на 10 години, колку што траело истражувањето, од оние кои не пиеле кафе.

Оние кои пиеле четири чаши диетални напитоци или оние во кои има вештачки засладувачи, го зголемиле ризикот од депресија за околу третина.

„Нашите научници препорачуваат намалување на конзумирањето на такви пијалоци за природно да го намалите ризикот од депресија“, изјавил водачот на истражувањето, др. Хонглеи Чен, но додал и дека се потребни понатамошни студии за подетално да се истражи таа тема.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o