Кажете му збогум на првутот со магичната маска од природни состојки

Првутот е појава поради која што на многумина им опаѓа самодовербата. Ако имате ваков проблем, тогаш знаете колку е тешко да се реши истиот.ramna-kosa-e1360672046544

Секакви шампони, маски и тоници, сето тоа е само реклама која што ветува “сигурен спас”, но всушност ништо од тоа нема долготрајно дејство. Или нема никакво дејство.

Оваа маска за коса против првут се прави од потполно природни состојки кои веројатно и веќе ги имате во вашиот дом. Покрај тоа што го решава проблемот со првутот и себорејата, исто така и го забрзува растот на косата, а нејзиниот сјај пак, со сигурност ќе ве изненади.

Потребни состојки:

● 1 лажица кокосово (или маслиново) масло
● 1 мала лажичка сок од лимон
● 3 лажици топол јогурт
● 1 лажица мед

Подготовка:

Едноставно промешајте ги сите состојки и полека загревајте ги на средна температура. Натапкајте прво во коренот на косата, а потоа и постепено расчешлувајте ја косата и нанесувајте по краевите.

Замотајте ја косата во пластична фолија, па во пешкир, и оставете ја маската да делува барем еден час, а потоа добро исплакнете.

Повторувајте ја постапката еднаш до два пати неделно.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o