Беласица и Брегалница со максимални 6 бода во Втората лига – Исток

Фудбалерите на Беласица забележаа две победи во двете кола од Втората лига – Исток, и со максимални 6 бода се на делбата на првото место на табелата, заедно со Брегалница од Штип.

20190902_094402

Беласица сезоната ја отвори успешно со убедливата победа на „Младост“ во Струмица во првото коло, кога со 3:0 го декласираше Кит-Го Пехчево. Со одличната игра, фудбалерите на струмичката гордост продолжија и во 2. коло, каде со 0:3 на „Могила“ во Прилеп, ја потопија Победа.

Штипјани со 2:4 во Радовиш ја „згазија“ Плачковица, додека во 2. коло со 5:0 на градскиот стадион во Штип, беше декласиран Осогово од Кочани.

Тиквеш од Кавадарци со едно реми и победа се трети на табелата, додека Каменица Саса, Питу Гули и Победа со по 3 бода се на четвртото, петтото и шесттото место. Кожуф од Гевгелија сезоната ја започна со два нерешени натпревари во двете кола, и со 2 бода е седми на табелата.

Кит-Го Пехчево на двата натпревари успеа да запише само еден бод и се наоѓа на осмото место на табелата, додека радовишка Плачковица и Осогово од Кочани без бодови се на деветтото, односно десеттото место.

Во следното коло на „Младост“ во Струмица, Беласица ќе ја пречека екипата на Каменица Саса, каде струмичани ја имаат фаворитската улога за нова победа.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o