Умереното консумирање путер сепак не е штетно

Резултатите од обемно истражување спроведено во 15 земји на 6,5 милиони луѓе покажале дека умереното консумирање путер нема директна врска со заболување од кардиоваскуларните болести, како и дека тој во исхраната е многу подобар избор од шеќерот или скробот, се наведува во студијата објавена во списанието PlosOne.puter

Меѓународната група експерти врз основа на девет истражувања во кои било следена здравствената состојба на 6,5 милион луѓе во 15 земји утврдила дека редовното консумирање на помали количество путер не може да биде причина за појава на кардиоваскуларни болести, мозочен удар, ниту на дијабетес. Односно, дека има минимално влијание врз морталитетот.

Во периодот во кој е следена здравствената состојба на испитаниците починале 28.271 лице, меѓу кои 9.783 од последица на кардиоваскуларни заболувања, а 23.954 поради дијабетес од типот 2. Учесниците во истражувањето просечно консумирале околу14 грама путер, што одговора на една супена лажица.

„Лицата кои дневно консумираат поголеми количества путер, најчесто водат нездрав начин на живот, но поврзаноста меѓу путерот и срцевите болести воопшто е многу неутрална“, наведуваат во студијата научниците од бостонскиот универзитет Тафтс и препорачуваат дека путерот во исхраната не треба да биде демонизиран и целосно да биде исфрлен како продукт/

Од друга страна, пак, не треба да се претерува со дневните количества. Истакнуваат дека путерот за човековото здравје помалку штетен во шеќерот или скробот коишто секојдневно и во големи количества се внесуваат во организмот преку печивата или компирите.

Потсетувајќи дека шеќерот и скробот се поврзани со зголемениот ризик од заболување од дијабетес и кардиоваскуларни болести, а последиците од нив по здравјето се поштетни и поголеми отколку оние што ги предизвикува консумирањето на некои маргарини или конзумни масал богати со добри маснотии, како што се соините, канолините, ленените или маслата од маслинки. Истакнуваат и дека споменатите и сличните масал во споредба со путерот, скробот и шеќерот го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o