Вежбајте додека седите за да имате здрав грб

Ако цел ден седите на канцелариско столче, гледајќи во монитор, а вашата единствена активност е шетањето со шолја кафе или чај до терасата, точно знаете што значи болка во грбот.stretch_3

Тука нема да ви помогнат привремени масажи и истегнувања, туку само редовен тренинг.

Овие 9 вежби можете да ги правите додека седите, а резултатите ќе бидат здрав и привлечен грб кој едвај ќе чекате да го разголите надвор од канцеларијата.

Прва вежба

Седете исправено, со двете нозе на под.

Рацете нека ви бидат исправени покрај телото.

Привлечете ги рамениците кон ушите.

Притоа вратот држете го исправен, не го виткајте. Брзо спуштете ги рамениците.

Повторете неколку пати со брзо темпо.

Втора вежба

Седнете исправено со двете нозе на под, а рацете испружени покрај телото.

Држејќи го вратот исправен, исправете ги и плешките.

Рамениците не ги дигајте.

Задржете се во исправена положба, извлечете ги рамениците напред и ротирајте го телото лево-десно.

Повторете неколку пати со умерено темпо.

Трета вежба

Седнете исправено, а колената раширете ги во линија со рамениците.

Свиткајте ги рацете кај лактите, допирајќи ги рамениците, па почнете да правите кружни движења.

Повторете ја вежбата неколкупати, па променете ја насоката.

Четврта вежба

Седнете на работ на столицата, а колената раширете ги во линија со рамената.

Ставете ги рацете зад главата со широко отворени лакти.

Рацете мора да бидат паралелни со подот.

Вртете го телото лево-десно повеќе пати.

Петта вежба

Седнете исправено, а колената во ширина на рамениците.

Ставете ги рацете зад главата.

Извиткајте го грбот и гледајте во плафонот.

Навалете се колку повеќе можете, а подбрадокот треба да гледа нагоре.

Повторете колку пати можете.

Шеста вежба

Седнете исправено, колената спојте ги.

Навалете се нанапред под агол од 90 степени.

Пробајте да не го извиткате грбот.

Задржете се неколку секунди во оваа положба, па вратете се како на почетокот.

Повторете 5-6 пати.

Седма вежба

Повторно седнете исправено, но овојпат раздвојте ги колениците.

Рацете ставете ги позади главата и вртете го телото странично.

Повторете повеќе пати.

Осма вежба

Седете исправено со раширени коленици, а рацете ставете ги на бутовите.

Виткајте го средниот дел од грбот и половината, без да ги мрднете рамениците.

Виткајте се нанапред и наназад колку повеќе можете.

Деветта вежба

Ставете ги рацете на колената.

Поместувајте го средниот дел од грбот лево-десно, без да си помагате со карлицата или рамениците.

Повторете 5-6 пати.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o