Беласица ја потопи Победа на Могила

Фудбалерите на Беласица забележаа новата победа во 2. коло од Втората лига – Исток, откако со 0:3 на „Могила“ ја победија екипата на Победа од Прилеп.

20190902_094402

Беласица ја запиша својата втора победа, на исто толку одиграни натпревари и заедно со Брегалница ја дели првата позиција на табелата со по максимални 6 бода. Победа по поразот од струмичани е шестта на табелата со 3 бода, исто колку што имаат и Питу Гули од Крушево и Каменица Саса.

На дното од табелата се Осогово и Плачковица со нула бодови.

Во следното коло Беласица на домашен терен ја пречекува Каменица Саса, додека Победа ќе гостува кај Кожуф од Гевгелија.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o