Академија Пандев лидер на табелата во Првата лига

Академија Пандев по 4. одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, со 10 бодови е лидер на табелата.

Работнички - Академија Пандев - Скопје - 4. коло ПМФЛ 4

„Пандевци“ запишаа три победи и едно реми на четири одиграни натпревари. Во 4. коло во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“ со 1:2 го победија Работнички.

Борец со 1:0 во Велес славеше над шампионо Шкендија, додека Силекс во натпревар со многу голови загуби од Македонија ЃП со 3:4.

Ренова на свој терен беше минимално поразена со 0:1 од вицешампионот Вардар, додека во Струга, екипата на Струга Трим Лум одигра нерешено 1:1 со Шкупи.

Втора екипа на табелата е Македонија ЃП со 8 бодови и има 2 бода помалку од лидерот Академија Пандев.

На дното од табелата е Шкендија со само 1 освоен бод на четири натпревари, Силекс и Работнички со по 3 бода се деветти односно осми.

Во следното коло Академија Пандев во Струмица ќе игра против Ренова, Шкупи ќе го пречека Силекс, Вардар ќе биде домаќин на Струга Трим Лум, Македонија ЃП ќе ги одмери силите со Борец од Велес.

Comments are closed.

bilbord