На 2 септември ждрепка зa Третата лига – југоисточен регион

Припремите на клубовите од Третата лига се при самиот крај. Ждрепката ќе се одржи на 2-ри септември во просториите на ОФС Струмица.

67918238_400778363897912_4499967334873563136_n

Познато е дека двата лански региони Југоисток и Исток, ќе бидат повторно во еден регион како во претходните сезони, со што квалитетот на лигата ќе биде поголем, но исто така ќе има и поголема конкуренција.

Од Струмица во Третата лига ќе се натпреваруваат екипите на ФК Тиверија од Струмица, ФК Спартмани од с. Градско Балдовци и ФК Василево од Василево.

Екипите на Тиверија, Спартмани и Василево ги привршуваат подготовките за новата сезона, и истите одиграа и по неколку пријателски натпревари, пред почетокот на новата сезона.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o