Убавината на косата: 5 големи НЕ!

Најчести грешки кои ги правите додека мислите дека ќе имате супер фризура, а всушност изгледате смешно.962-big-No-No’s-of-Hair-Styling

Тапирање

Тапирањето служи за да се добие волумен на косата, но осумдесетите сеуште не се вратиле во мода. Немојте да ја тапирате косата бидејќи таа нема да изгледа здраво и негувано. Ако сакате да имате побујна коса, натапирајте ја сосем малку и соберете ја во неуредна пунџа. За преку ден може да користите малку пена.

Темна фарба за коса

Ако имате природно светла коса, светол тен и светли очи, немојте да ја фарбате со темни нијанси. Црната коса ќе Ве направи бледи.

Не ги обвинувајте локните

Кадравата коса е секси. Немојте секогаш да ја врзувате или исправувате. Одржувајте ги локните и пуштете ги слободно да паѓаат.

Не носете ефтини надградби

Ако не можете да си дозволите скапи надградби, немојте да носите никакви. Ефтините надградби се приметуваат и изгледаат смешно. Секогаш е подобра вашата природна коса, каква и да е.

Немојте да носите локни секој ден

Ако имате права и мека коса, локните како секојдневен изглед не се најдобро решение за вас. Лаковите и геловите за коса можа да помогнат, но не и во секојдневната употреба и да прават чуда.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o