Вотка за малку поинаква намена

Не ви се допаѓа вкусот на вотката, а пријателите упорно ви носат на подарок? Не се секирајте, постојат неколку одлични намени да ја искористите и да бидете убави и негувани.fft99_mf3928611

Вотка за намалување на порите
Ако сакате да ги намалите порите на лицето, исчистете го и освежете го лицето со помош на вотка. Ставете малку вотка на памукче и секое утро и вечер чистете го лицето.

Вотка-шампон
Истурете многу мала чашка вотка во шишето со шампон. Тоа ќе ви помогне подобро да ја измиете вашата коса и теме. Некои научници тврдат дека вотката дури и го забрзува растот на косата.

Вотка-течност за плакнење на устата
Можеби ова ќе биде многу тешко за оние кои го сакаат вкусот на вотката, но за оние останатите, не би имало проблем. :) Помешајте 50 грама цимет со 500 милилитри вотка. Херметички затворете и оставете да стои една недела. Исцедете и промешајте со 500 милилитри топла вода и ќе имате течност за плакнење на устата.

Вотка против првут
Ставете три мали лажички мелен рузмарин во 250 милилитри вотка. Оставете да стои преку ноќ и наутро исцедете. Масирајте ја главата со добиената течност и оставете додека се исуши. Измијте со ладна вода.

Вотка за миење на стапалата
Ако имате проблем со непријатен мирис на стапалата, измијте го нозете со чиста вотка или потопете ги на некое време во вода измешана со вотка и непријатниот мирис ќе исчезне.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o