Академија Пандев против Осогово во Купот на Македонија

Во Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката преку која беа извлечени осминафиналните парови за Купот на Македонија.

Академија Пандев - куп трофеј - победници

Ждрепката посака, бранителот на Куп титулата, Академија Пандев од Струмица, да се соочи со второлигашот од Кочани, екипата на Осогово.

Веќе во оваа фаза ќе имаме големо дерби, Шкендија ќе се сретне со големиот ривал Вардар, Македонија ЃП која лани играше во финалето, ќе игра со Брегалница од Штип. Кавадаречкиот второлигаш Тиквеш силите ќе ги одмери со Ренова, Лабуништа со Охрид, додека Борец ќе игра со Струга Трим Љум, Шкупи ќе се сретне со Силекс од Кратово.

Во оваа фаза од Куп натпреварувањето, се играт по два натпревари. Првите натпревари се закажани на 25 септември, додека реваншите ќе се играат на 30 октомври.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o