ФК Тиверија го загуби контролниот натпревар со Детонит од Радовиш

Третолигашките екипи ги привршуваат подготовките за новата сезона, а ФК Тиверија од Струмица пред почетокот на новата сезона од Третата лига, одигра контролен натпревар со ФК Детониот Јуниор од Радовиш, во кој фудбалерите на Тиверија беа поразени со 1:2.

FK_Tiverija.svg

Радовишките Детонит минатата сезона се натпеваруваше во Втората лига – Исток, но не избори опстанок и од оваа сезона ќе се натпреварува во Третата лига. Покрај Детонит, од Радовиш во Третата лига ќе се натпреварува и екипата на Раклиш. Раклиш во контролен натпревар беше поразен од ФК Спартмани од Градско Балдовци со 5:4.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o