Со коцки мраз до убава кожа

Коцките лед можат многу да ви се најдат кога е негата на кожата во прашање. Но, кога ги користиме на лице, подобро е да бидат замотани во газа, затоа што директната примена на кожата може да доведе до пукање на капиларите.kockice-leda (1)

Коцките лед се користат за намалување на видливоста на акните. Неколку минути со коцка лед поминувајте врз проблематичното место и ќе ја намалите иритацијата и црвенилото.

Ледот е исто така одлично решение за оние кои имаат масна кожа. Мијте го лицето со дробен лед цела седмица и ќе забележите позитивни резултати.

Исто така, ледот може да ви помогне за намалување на видливоста на порите или пак при изгореници од сонце.

Дали сте знаеле дека ледот можете да го користите и за отстранување на влакненцата од лицето? Иако е доста долготраен процес, студенилото може целосно да го умртви коренот на влакното. Откако ќе го измасирате лицето со лед, применете некој природен пилинг за лице.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o