Грујоски ќе ја дели правдата помеѓу Работнички и Академија Пандев

Во сабота Академија Пандев ќе патува во Скопје каде во натпревар од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, ќе гостува кај Работнички. Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток од 16:30 часот.

Академија Пандев - Борец - 3. коло ПМФЛ 7

Главен судија на овој натпревар ќе биде Грујоски Александар, додека негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран, додека четврт судија ќе биде Стојановски Марјан.

Делегат на натпреварот ќе биде Ибиши Сулејман, а контролор Илиоски Петре.

Во претходно коло Академија Пандев беше сигурна против Борец на „Младост“ со 2:0, додека Работнички беше поразен од вицешампионот Вардар на Националната Арена „Тодор Проески“.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o