Беласица против Победа во 2. коло од Втората лига – Исток

Екипата на Беласица во 2. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток, ќе гостува кај Победа од Прилеп.

Беласица - Кит-Го Пехчево - 1. коло - ВМФЛ - Исток 15

Во првото коло и двете екипи забележаа победи. Беласица на „Младост“ со 3:0 го декласираше Кит-Го Пехчево, додека Победа со 2:1 на домашен терен славеше над Каменица Саса.

Двете екипи минатата сезона се натпреваруваа во Првата лига, но и двете испаднаа од истата. Победа сезоната во „елитата“ ја заврши на последното 10. место, додека Беласица заврши на 9. место.

Брегалница во ноќен термин од 19:00 часот на градскиот стадион во Штип ќе го пречека Осогово од Кочани, Каменица Саса ќе игра против Питу Гули од Крушево, Кит-Го Пехчево на свој терен ќе игра против Кожув Гевгелија, Тиквеш во Кавадарци ќе ја пречека Плачковица.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o