Академија Пандев гостува кај Работнички

Фудбалерите на Академија Пандев во сабота ќе гостуваат кај екипата на Работнички во Скопје.

Академија Пандев - Борец - 3. коло ПМФЛ 6

„Пандевци“ во трите одиграни натпревари од Првата лига забележаа две победи и едно реми и со 7 бодови се лидери на табелата. „Романтичари“ пак во трите одиграни кола забележаа два порази и една победа и со три освоени бодови се наоѓаат на седмото место на табелата.

Академија Пандев ќе има тешко гостување со „дебармаалци“ во борбата за трите бода. Овие две екипи во рамките на натпревари од Првата лига имаат вкупно 8 меѓусебни пресметки, Академија Пандев има четири победи, додека Работнички има две победи, а две средби завршиле без победник, односно нерешено.

Силекс во Кратово ќе ја пречека Македонија ЃП, Борец во Велес ќе го пречека шампионот Шкендија, Ренова на домашен терен ќе го пречека вицешампионот Вардар, додека новајлијата Струга Тим Лум во Струга ќе игра против Шкупи.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o