РК Астраион се засили со Караиванов и Наков

Ракометниот клуб Астраион го задржа костурот од минатата сезона, но за новата сезона се засили со два играчи. На Астарион им се приклучија бековите Мите Караиванов и Васко Наков, со што „астарионци“ ќе бидат дополнително засилени за новата сезона и ќе се обидат да влезат во плеј оф завршницата.

РК Астраион - подготовки за нова сезона, 26 август 2019 - 3

Веќе од РК Астарион на нивната официјална фејсбук страница истакнаа дека подготовките продолжуваат, утринските тренинзи се прават во теретана, додека вечерните во сала.

РК Астарион ќе се натпреварува во Првата машка ракометна лига, во Првата група, заедно со екипите на Јуниор К.В., Вардар Неготино, Куманово, Македонија ЃП, Младост 09, Прилеп 2010, РК Алушевски, Риниа М и Текстилец.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o