Преглед на колото: Академија Пандев со победата над Борец се искачи на лидерската позиција на табелата

Екипата на Академија Пандев забележа сигурна победа над Борец од Велес со 2:0, во натпревар од 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Screenshot_20190825-170631_Chrome

 

„Пандевци“ со победата на „Младост“ во Струмица ја запишаа својата втора победа за оваа сезона, и со 7 бодови се на лидерската позиција, исто толку бодови има и Ренова која е втора.

Новајлијата Струга Трим Лум запиша нова победа, откако со 2:1 во Струга го совлада Силекс, додека пак Шкупи ремизираше 2:2 со Ренова. Шампионот Шкендија се спаси од пораз на домашен терен од Македонија Ѓорче Петров играјќи 1:1.

Во саботата колото беше отворено со дуелот помеѓу Вардар и Работнички, каде вицешампионот со 2:0 славеше над „Романтичари“ и ја запиша првата победа за оваа сезона.

На првата позиција се „Пандевци“ со 7 бода, исто толку бодови има и Ренова која е втора, третопласиране е екипата на Струга Трим Лум со 6 бодови. На четвртото место е Македонија ЃП со 5 бода, по четири бода имаат Вардар кој е петти и Шкупи кој е шестти, Работнички со 3 бода е седми на табелата, а исто толку бодови има и осмопласираниот Силекс, шампионот Шкендија е деветти со 1 бод, колку што има и Борец кој е десетти на табелата.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување кај Работнички, додека Борец на свој терен ќе има дуел со шампионот Шкендија. СИлекс во Кратово ќе биде домаќин на Македонија ЃП, Ренова ќе го пречека Вардар, а Струга Трим Лум на свој терен силите ќе ги одмери со Шкупи.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o