Овој викенд ФК Беласица со генерациите 2008, 2009 и 2010 беше учесник на меморијалниот турнир Зоран Недев- Фелер

Овој викенд ФК Беласица со генерациите 2008, 2009 и 2010 беше учесник на меморијалниот турнир Зоран Недев – Фелер.
FB_IMG_1566744324898

Генерација 2008 го освои првото место, остварувајќи минимална победа од 1:0 во финалето. Стрелец на единствениот гол беше Петар Трендов, кој воедно ја доби и наградата најдобар играч на турнирот за генерација 2008.

Генерација 2009 во натпреварот за трето место ја совладаа екипата на Борец од Велес со резултат 3:0, додека генерација 2010 го освои четвртото место.

Наградата за најдобар тренер беше доделена на Ѓорги Шопов.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o