Академија Пандев го победи Борец во Струмица

Екипата на Академија Пандев забележа победа во натпреварот од 3. коло од Првата лига, откако на “Младост” во Струмица со 2:0 го победи Борец од Велес.
Screenshot_20190825-170626_Chrome

Струмичани ја оправдаа фаворитската улога и ги собраа трите бода.

Во Струга, екипата на Струга Трим Лум направи сензација и со 2:1 го совлада Силекс, додека шампионот Шкендија се спаси од пораз играјќи 1:1 со Македонија ЃП.

Ренова беше запрена и одигра 2:2 со Шкупи, а вчера Вардар со 2:0 го доби дербито над Работнички.

Академија Пандев и Ренова со 7 бодови се на делба на табелата, додека Борец и Шкендија се на 10-тото односно 9-тото место со по 1 бод.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување кај Работнички.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o