Дали и вие ги правите овие грешки при миењето на косата?

За убава, здрава и сјајна коса освен негата, подеднакво важно е и како ја миете. Верувале или не, голем дел од жените неправилно ја мијат косата и со самото тоа ја оштетуваат, без да бидат свесни.pranje-kose-greske

Не ја мокрите доволно пред шампонирање
За да делува шампонот доволно добро, косата мора да биде темелно натопена. Но, потоа немојте да ја стискате и цедите затоа што мокрите влакна се најчувствителни и склони кон кршење.

Непотребно ја шампонирате 2 пати
Правилото дека косата треба да се шампонира 2 пати е измислено во ’50-тите, кога жените ја миеле косата еднаш неделно, ако не и поретко. Ако ја миете косата минимум 2 пати неделно, едно шампонирање е сосема доволно.

Ја заплеткувате повеќе од потребното
Триејќи ја косата со рацете додека ја шампонирате само дополнително ја заплеткува косата. Концентрирајте се на темето, каде шампонот е најпотребен.

Не користите правилен шампон
Многумина не обрнуваат внимание на тоа каков шампон користат. Тоа е доста лошо за косата. Дајте и ја на косата негата што ја бара и заслужува.

Не ја измивате доволно
После шампонирањето, темелно измијте ја косата, затоа што остатоците од шампон можат да ја пресушат, а и естетски воопшто нема да изгледа убаво.

Ставате регенератор на темето
Големо НЕ! Регенераторот и маските за коса се наменети за остатокот на косата, не темето. Со тоа само ќе постигнете обратен ефект од измиена и чиста коса.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o