Познати судиите за натпреварот Беласица – Кит-Го Пехчево

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварот од 1. коло од Втората лига – Исток помеѓу Беласица и Кит-Го Пехчево, кој ќе се игра на “Младост” во Струмица.

АРХИВА

АРХИВА

Главен судија на овој натпревар кој ќе се игра со почеток од 17:00 часот ќе биде Костенчев Никола од Скопје.

Помошници на Костенчев ќе му бидат Милошевиќ Милош и Милошевски Горан од Скопје. Четврт судија на овој натпревар ќе биде Божиновски Христијан исто така од Скопје, додека за делегат е одреден Танев Ристо од Гевгелија, а контролор ќе биде Петковски Зоран од Велес.

Со овој натпревар и официјално Беласица ќе ја започне новата сезона од Втората лига – Исток.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o