Подготовка за здраво сончање

Умереното изложување на сонце е корисно и помага за настанување на Витаминот Д кој е од важно значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и подобрување на циркулацијата.Image33

Освен тоа, ултравиолетовите зраци според некои истражувања од Американски научници, го ослободуваат хормонот на среќата (ендорфин), кој влијае на доброто расположение. Меѓутоа при изложување на сонце важна е и правилната заштита од УВ зраците и превентивно да ги почитуваме советите од дерматолог како да се заштитиме во сончевиот период.

КАКО УВБ И УВА ЗРАЦИТЕ ВЛИЈААТ НА НАШАТА КОЖА

УВБ – зраците се појаки, создаваат брчки, сончеви пеги, предизвикуваат еритем, но количеството на УВА – зраци кои стигнуваат на Земјата е од 10 до 1000 пати поголемо. Дерматолозите предупредуваат дека УВА – зраците продираат во длабокиот слој на кожата (дермисот) и ја оштетуваат нејзината структура, додека УВБ – зраците допираат само во површинскиот слој на кожата (епидермот). Ова ни укажува дека потребна ни е заштита од сонцето и за УВА и за УВБ зраците.

ХРАНАТА КАКО ПОДГОТОВКА НА КОЖАТА ЗА СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ

Лицата кои страдаат од алергии на сонце треба постепено да се изложуваат на сончева светлина и правилно да се подготват за заштита од сонце. Освен препрататите за мачкање, важен дел има и исхраната што ја конзумираме односно што повеќе овошје и зеленчук, кои се богати со антиоксиданти. Најважни за кожата се витамините A, C, E, флавоноиди, полифеноли и фамозниот B-каротен често препорачуван како идеално решение во подготовката на кожата за сончевите зраци. B-каротенот го има во морков, спанаќ, кајсија, брокула…

КАКОВ ЗАШТИТЕН ФАКТОР НИ Е ПОТРЕБЕН

Заштитниот фактор се определува во зависност од типот на кожата. За светол тен и коса, се препорачува употреба на заштитен фактор 50, додека за темнокосите е доволен заштитен фактор од 15 до 30. Притоа, треба да се внимава,  препаратите за заштита од сонце освен што ќе не штитат и од УВБ и од УВА зраците треба да бидат и водоотпорни. Некои од најчестите УВ – филтри хемиски или физички кои се присутни во фотопротективните креми се: РАВА –деривати, салицилати, цинамати, бензофенони, авобензон, екамсул, титаниум диоксид и цинк оксид. Треба да се користат секојдневно, а при подолг престој на сонце да се нанесуваат на секои 2 часа особено после пливање, бањање и бришење со пешкир. Исто така при подолг престој на сонце мора да ги заштитиме и усните, кои и онака имаат недостаток на меланин, кој е природна одбрана на кожата против сонце. Посебно чуствителна е долната усна, па се препорачува да се стави специјален вазелин со минимален заштитен фактор 15.

 

Сончањето и кожа склона кон создавање на акни

Кожата под влијание на сончевите зраци во лето повеќе се масти. Ова игра важна улога бидејќи во тој случај кожата е повеќе подложна на настанување на акни и во овој период тој проблем може да се зголеми. При изложување на сонце акните првично се повлекуваат, меѓутоа набрзо после тоа стануваат уште повидливи и состојбата се влошува. Поради тоа важно е да ја припремиме акнеичната кожа при првото изложување. Треба да се користат производи кои го смалуваат и го одстрануваат вишокот на масти, а не предизвикуваат дехидратација и иритација. Неопходно е да се користат препарати со заштитен фактор за проблематична-акнична кожа кои не се масни и се богати со антиоксиданти кои содржат широк спектар на заштита од сонце како и хидрирачки препарати за подобрување на влажноста на кожата.

КАКО ВЛИЈАНИЕ ИМААТ ЛЕКАРСТВАТА ШТО ГИ ЗЕМАМЕ СЕКОЈДНЕВНО

Уште една препорака е добредојдена за сончевите денови – дел од лекарствата што ги примаме секојдневно содржат фотосензивилни материи, па затоа треба да се обрне внимание на средствата за контрацепција, за лична хигиена, на антибиотиците и на парфемите. Дури и лековите од домашната аптека, како што се маслото и лимонот можат да предизвикаат тешки изгореници и естетски оштетувања на кожата.

СОВЕТ

Сончајте се умерено за да ги избегнете последиците од прекумерното сончање. Важно е да се придржувате на основните правила изложувајте се на сонце кога сончевите зраци не се јаки, односно избегнувајте го периодот од 10 до 16 часот. Од количеството на темен пигмент (меланин) во вашата кожа зависи колку долго треба да останете на сонце. Ако се работи за лица со светол тен, очи и коса, претерано изложување на сонце може да доведе до настанување на изгореници. Лица кои имаат повеќе бемки по телото треба да бидат многу внимателни. Опасни се сметаат  и двата спектра на сончеви зраци инфрацрвени кои предизвикуваат црвенило и изгореници, а можат да предизвикаат и промена на бемките, ултравиолетово познат како провокатор на меланомот. Затоа е важно да се заштитиме при појава на првите сончеви зраци, а со тоа ќе се заштитиме од подоцнежните негативни влијанија кои неповолно и штетно би влијаеле на Вашата кожа.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o