РК Астраион ќе игра во групата 1 од Првата ракометна лига

Во новата сезона од Првата машка ракометна лига која започнува на 14/15 септември, РК Астраион од Струмица ќе се натпреварува во Групата 1.

РК Астраион - екипа - припреми Банско - август 2019 4

Во оваа група покрај екипата на РК Астраион ќе се натпреваруваат и Металург Јуниор, Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров, МРК Куманово, Риниа М, Младост 09, Прилеп, Алушовски и Текстилец.

Групата 1 ќе брои 10 екипи, додека во Групата 2 ќе се натпреваруваат девет екипи и тоа Борец, КЛ7 Лазаров, Преспа 2015, ГРК Тиквеш 2014, Младост Богданци, Аеродром, Весна Акумулатори, Партизан и Јехона.

Првите четири екипи од двете екипи ќе го формираат плеј офот, каде ќе се натпреваруваат вкупно осум екипи, останатите ќе играат плеј аут за опстанок во лигата.

Минатата сезона екипата на РК Астраион од Струмица се натпреваруваш во плеј аутот.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o