Првата машка ракометна лига започнува на 14/15 септември

Новата сезона од Првата машка ракометна лига ќе започне на 14/15 септември и ќе брои вкупно 19 екипи.

За разлика од претходната сезона, оваа сезона ќе се натпреваруваат три екипи повеќе, а тоа се КЛ7 Лазаров, Алушовски и Јехона. Лигата ќе биде поделена во две групи, од кој едната ќе брои десет, а другата девет екипи.

Клубовите во двете групи ќе се борат за првите четири места, односно најдобрите четири од двете групи ќе го формираат плеј офот, додека останатите ќе играат во плеј аутот за опстанок.

РК Астраион - екипа - припреми Банско - август 2019

Во есенскиот дел од сезоната е предвидено да се одиграат вкупно 14 кола, додека пролеттна ќе биде одиграни две кола, по што најдобрите четири екипи од двете групи, односно вкупно осумте екипи ќе го формираат плеј офот.

РК Астраион од Струмица ќе се натпреварува во групата 1 која брои десет клубови. Во оваа група заедно со РК Астраион ќе се натпреваруваат екипите на Металург Јуниор, Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров, МРК Куманово, Риниа М, Младост 09, Прилеп, Алушовски и Текстилец од Штип.

Во групата 2 која брои 9 екипи, ќе се натпреваруваат Борец, КЛ7 Лазаров, Преспа 2015, ГРК Тиквеш 2014, Младост Богданци, Аеродром, Весна Акумулатори, Партизан и Јехона.

Во првото коло РК Астраион ќе му гостува на Младост 09 од Богданци.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o