Ослободете се од акните преку ноќ!

Акните се едни од нештата кои најмногу не иритираат кога ќе се појават на нашето лице. Посакуваме веднаш да исчезнат и нашето лице повторно да биде нежно и чисто. Еве неколку работи кои сигурно ги имате во вашиот дом и кои ќе ви помогнат да ги отстраните акните само за една вечер.akni

Акните најдобро ќе ги отстраните ако почнете да ги третирате веднаш откако ќе се појават. Не чекајте многу бидејќи подоцна тие може да се инфицираат. За да почнете со третманите бидете сигурни дека вашите раце и лице се добро измиени. Акните се создаваат поради нечистотии, па затоа доколку вашите раце не се чисти тоа може само да ја влоши состојбата на акните. Исчистете го лицето со лосион за чистење лице. Откако вашето лице и раце ќе бидат чисти, можете да започнете со третирање акните.

Топла пареа

Во сад загрејте вода. Тргнете го садот од оган и ставете го вашето лице над садот покриени со крпа врз главата. Оставете ја пареата да оди директно во вашето лице. Седете така се додека ја поднесувате топлината. Топлината ќе ги отвори вашите пори и ќе ја отстрани нечистотијата.

Коцки мраз

Ставете коцки мраз во памучна маица или крпа и ставете ја на местото каде што ви е акната. Држете околу 10 – 15 минути. Ако не можете да издржите тргнете го мразот и потоа повторно ставете го.

Чајно дрво

Намачкај те го лицето со масло од чајно дрво и оставете го да делува околу 2 саати.

Паста за заби или лимон

Ставете паста за заби директно врз акната и оставете ја цела ноќ. Ова ќе ја исуши акната. Истото ова можете да го направите и со лимон. Истискајте свеж лимон на памук и оставете го памукот на акната цела ноќ. Лимонот го има истото дејство како и пастата.

Сода бикарбона

Утрото кога ќе станете измијте го вашето лице и направете смеса од сода бикарбона помешана со паста за заби. Смесата треба да биде густа. Протријте го лицето со оваа смеса и задржувајте се на местата каде што ви се акните. Оставете ја смесата да поделува околу 1 час. Исплакнете го лицето со ладна вода и вашите акни ќе бидат суви и лесни за отстранување.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o