Женската фудбалска лига ќе брои 14 клуба

Во новата сезона од Првата женска фудбалска лига, која треба да старува на 24 и 25 август, ќе се натпреваруваат вкупно 14 клуба, а Шкендија е единствениот нов тим кој ќе се натпреварува во ПЖФЛ.

АРХИВА

АРХИВА

Во Првата женска фудбалска лига, освен Шкендија ќе се натпреваруваат и актуелниот Шампион Драгон, Истатов од Дојран, Тиверија Струмица, Топ Гол од Битола, Деспина Прилеп, Љуботен, Атлетико, Плачковица од Радовиш, Каменица Саса, Кочани, Речица, Борец и АС Јунајтед.

Во првото коло ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен ќе игра против Кочани, Топ Гол ќе игра против новајлијата Шкендија, Деспина Прилеп на свој терен ќе игра против Љуботен, Атлетико ќе ја пречека Плачковица од Радовиш, Истатов ќе биде домаќин на Каменица Саса, шамионот Драгон сезоната ќе ја отвори против Речица и Борец ќе го пречека АС Јунајтед.

Минатата сезона ЖФК Драгон 2014 заврши на првото место на табелата и стана шампион.

 

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o