Познати судиите за натпреварот Македонија ЃП – Академија Пандев од 2. коло од ПМФЛ

Овој викенд ќе се одигра 2. коло од Првата македонска фудбалска лига. Второто коло ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Работнички и Шкупи, натпревар кој се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, а главен судија на овој натпревар ќе биде Стојчевски Игор.

АРХИВА

АРХИВА

Академија Пандев во 2. коло ќе гостува кај екипата на Македонија Ѓорче Петров. „Пандевци“ ќе имаат тешко гостување кај „лавовите“, чија екипа за оваа сезона е засилена во однос на претходната. Овие две екипи играа во финалето од Купот на Македонија, каде во пенал рулетот, „Пандевци“ славеа.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Ставрев Александар од Скопје, негови помошници ќе бидат Кировски Марјан, Костадинов Дејан и Влахо Константин. Делегат на натпреварот ќе биде Ангелевски Благојче од Битола, додека за контролор е одреден Хаџипази Алиларџа од Гостивар.

Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот.

Во првото коло и двете екипи запишаа победа, Академија Пандев ја совлада Шкендија, додека Македонија Ѓорче Петров го совлада Вардар.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o