Основни разлики меѓу заљубеноста и љубовта

Од суптилни до очигледни, ова се разликите меѓу љубов и заљубеност:ljubov_vrska

Страст и приврзаност

Страста е основата на заљубеноста. Се привлекувате еден со друг без интензивни чувства. Во прашање е само сексуална наклонетост кон другиот, која трае само на почетокот на врската, а потоа исчезнува. Приврзаноста е основата врз која се развива љубовта. Со текот на времето таа станува посилна и поинтензивна.

Површност и зрелост

Без сомневање заљубеноста е површна, бидејќи се базира на момент – моментална привлечност и задоволство. Од друга страна, љубовта е позрело чувство. Јасно разбирате што е добро, а што лошо и тоа ве прави среќни.

Опсесија и посветеност

Опсесија е вистинскиот збор кој ја опишува заљубеноста. Тоа е само симпатија или физичка привлечност кон друга личност. Доколку не се оствари, настапува бес и љубомора. Љубовта е потполно спротивно чувство, кога личноста е трпелива и подготвена да го прифати секој предизвик. Личноста која сака ќе се труди да ги реши евентуалните проблеми, и нема да се откажува. Кај вистинската љубов, секогаш постои чувство на припадност и преданост, што никогаш не може да се очекува кај заљубеноста.

Сигурност и несигурност

Во љубовта постои огромна сигурност. Тоа е така, бидејќи што и да се случи, личноста што ве сака нема да ве остави. Доколку сте само заљубени, секогаш постои несигурноста дека партнерот може да ве остави или изневери.

Прекрасно и застрашувачко

Љубовта, без сомнение е прекрасно и здраво чувство. Убавината на љубовта произлегува од фактот дека партнерите си ги прифаќаат своите мани. Од друга страна, при заљубеноста секогаш сте загрижени за искреноста на партнерот. Заљубеноста е вообичаено чувство на младите, а како што поминуваат годините сфаќате дека постојат големи разлики помеѓу моменталните чувства и вистинската љубов.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o