Новата сезона од Првата женска фудбалска лига започнува на 24/25 август

Вчера во просториите на ФФМ се изврши ждрепка за претстојното првенство во Првата женска фудбалска лига, каде беше одлучено новата сезона да започне на 24/25 август.

ФФМ лого

Во Првата женска фудбалска лига се натпреварува екипа на ЖФК Тиверија од Струмица.

Во првото коло екипата на ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен ќе го пречека ЖФК Кочани, Топ Гол ќе биде домаќин на Шкендија, Деспина Прилеп на свој терен ќе игра против екипата на Љуботен, Атлетико ќе ја пречека ЖФК Плачковица од Радовиш, СЦ Истатов во Дојран ја отвара сезоната против ЖФК Каменица, Борец на домашен терен сезоната ќе ја започне против АС Унитед и шампионот Драгон 2014 ќе стартува против ЖФК Речица.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o