ЖФК Тиверија Струмица на ревијален пријателски натпревар во Босилово

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица оваа вечер одигра ревијален пријателски натпревар помеѓу младинките на ЖФК Тиверија Струмица и ОУ „Видое Подгорец“ од Колешино, кои се актуелни Балкански прваци во футсал.

ЖФК Тиверија - ревијален пријателски натпревар во Босилово - со ОУ Видео Подгорец

„Резултатот на овој натпревар беше во втор план, а управата на ЖФК Тиверија Струмица наредните денови ќе донира спортска опрема за ОУ „Видое Подгорец“, училиште кое секоја година постигнува одлични резултати во женски фудбал под раководство на наставникот Спаско Милков“, истакнаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o