Што ви посочуваат подочниците за вашиот организам

Подочниците многу често се прв сигнал кој упатува на тоа дека во организмот постои некој проблеми или нерамнотежност. Некои од болестите на кои укажуваат подочниците се проблеми со бубрези, анемија, последица на стрес, како и срцеви болести.Get-Rid-of-Bags-Under-Eyes

И изборот на храна игра голема улога во настанувањето на подочниците. Нив ги разликуваме според пигментираноста, јачината на темната боја, отеченоста, а во некои случаи подочниците се појавуваат поради спуштање на образите како последица на губење на поткожното масно ткиво или комбинација на сите овие причини.

Подочниците кои се отечени најчесто се показател за насобирање вода и создавање масно ткиво околу очите, а ако се темни, станува збор за зголемен продор на крв во крвните садови во ткивото.

Ако темните полукругови се задржуваат неколку месеци и се претвараат во спуштени темни врекички, би требало да се провери крвната слика. Анемијата е еден од честите причини за темни врекички под очите, особено ако се проследени и со главоболка, замор, лоша концентрација, проблеми во учење, слабо помнење.

Темните полукругови под очите укажуваат и на проблеми во работата на бубрезите и задржување на вишок течности во организмот.

И алергичните на полен имаат проблеми со подочниците. Кај овие пациенти честа појава е неуродерматитис, поради кој зачестено ги бришат и трлаат очите, а тоа допринесува до пигментација и иритирање на нежната кожа на капаците.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o