Комплетирано 1. коло од ПМФЛ, Академија Пандев со победа ја отвори сезоната

Денес беше комплетирано 1. коло од Првата македонска фудбалска лига, со натпреварот помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Во овој натпревар „лавовите“ со 0:2 го победија вицешампионот.

Академија Пандев со победа над шампионот Шкендија ја започна новата сезона од Првата лига. „Пандевци“ на „Младост“ во Струмица, со голот на Сашко Пандев славеа минимално со 1:0 над Шкендија.

Академија Пандев - Шкендија - 1. коло - Младост - Струмица 9

Ренова на домашен терен со 1:0 го совлада Силекс од Кратово, додека во Струга, новајлијата Струга Трим Лум имаше одличен старт во дебитантската сезона во Првата лига, откако со 2:1 го победи Работнички.

Борец од Велес кој по 18 години се врати во „елитата“, со пораз ја започна сезоната, откако во Чаир загуби од Шкупи со 2:0.

Во првото коло по три бода обезбедија Македонија ЃП, Шкупи, Струга Трим Лум, Ренова и Академија Пандев.

Во следното коло кое што се игра овој викенд, Академија Пандев ќе гостува кај засилената Македонија ЃП, Борец ќе биде домаќин на Вардар, Работнички на свој терен ќе игра против Шкупи, Ренова на домашен терен ќе ја пречека Струга Трим Лум и Силекс во Кратово ќе игра против шампионот Шкендија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o