ЖФК Тиверија во Битола на пријателски натпревари

ЖФК Тиверија Струмица утре (вторник), ќе одигра два пријателски натпревари во Битола против екипата на ЖФК Топ Гол од Битола.

ЖФК Тиверија - тренинг 12.08.2019

Првиот пријателски натпревар кој треба да се одигра со почеток од 17:00 часот ќе биде за кадетките, додека од 18:15 часот, е предвидено да се одигра пријателскиот натпревар помеѓу првите тимови на двата клуба.

Овие контролни натпревари се во период на подготовки за клубовите пред почетокот на новата сезона од Првата женска фудбалска лига.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o