Академија Пандев во 2. коло од ПМФЛ гостува кај Македонија ЃП

Екипата на Академија Пандев со победа ја започна новата сезона од Првата лига, откако во првото коло со минимални 1:0 на „Младост“ во Струмица, го совлада шампионот Шкендија.

„Пандевци“ во второто коло ќе имаат тешко гостување кај засилената екипа на Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ во првото коло го совладаа вицешампионот Вардар со 0:2 и покажаа одлична игра на теронот.

Академија Пандев - Шкендија - 1. коло - Младост - Струмица 8

Последен пат овие две екипи играа во финалето од Купот на Македонија, каде резултатот во регуларните 90. минути беше 2:2, а во пенал рулетот „Пандевци“ беа поуспешни и го освоија трофејот.

Во меѓусебните дуели во Првата лига од 2016 година, Академија Пандев на три натпревари била поуспешна, „лавовите“ на еден натрпевар победиле со 1:0, додека еден натпревар завршил нерешно, односно 1:1.

Во 2. коло Борец на домашен терен ќе го пречека Вардар, Работнички ќе го пречека Шкупи, Ренова силите ќе ги одмери на свој терен против новајлијата Струга Трим Лум, додека Силекс во Кратово ќе игра против шампионот Шкендија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o