ЖФК Тиверија Струмица победи на пријателскот натпревар со ЖФК Речица

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица одигра пријателски натпревар во Куманово во рамките на подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига, против ЖФК Речица.

ЖФК Тиверија - ЖФК Речица - во Куманово - пријателски натпревар - август 2019

Во овој натпревар, фудбалерите на ЖФК Тиверија од Струмица славеа убедлива победа од 2:6. Резултатот на полувреме беше 0:2 во корист на струмичанки.

Димоска беше најдобар стрелец на натпреварот со постигнати три погодоци, односно постигнат хет-три, во листата на стрелци за ЖФК Тиверија се запишаа и Николовска, Бошевска и Велкова.

ЖФК Тиверија на теренот истрача со следниот состав: Панчурова, Бошеска, Недева, Николова, Бошевска, Ристовска (с), Велкова, Панеска, Божиновска, Николовска, Димоска

Можност за игра добија и Цунева и Михајлова.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o