Трчањето предизвикало намалување на туморите кај глувците

Научниците утврдиле дека кај глувците кои поминале доста време на тркалото за трчање, туморот им се намалил 50 отсто повеќе отколку кај глувците што не биле физички активни.Image

Научниците заклучиле дека адреналинскиот скок што ја следи телесната активност, помагал при насочувањето на имунолошките клетки кои ги убиваат туморите кон туморите кои биле всадени во белите дробови, црниот дроб или кожата на глувците. Резултатите од истражувањето беа објавени во магазинот Cell Metabolism.

„Познато е дека со инфилтрирањето на природните убиствени имунолошки клетки(НК клетки) може да се контролира и регулира големината на туморот, но никој не проучувал како вежбањето влијае врз тој систем“, рече Пернил Хојман, водителка на истражувањето од универзитетот во Копенхаген.

„Во рамки на истражувањето инјектиравме во глувците адреналин за да имитираме зголемување што го гледаме за време на вежбањето и тогаш видовме дека НК станиците се мобилизираат во крвотокот и доколку постои тумор, тие ќе го пронајдат“, рече Хојман.

За да ги потврдат резултатите научниците кај некои глувци ги отстранија НК станиците и потоа им давале адреналин, а смалување на туморот не се случило.

Хојман вели дека тие податоци покажуваат дека поинтензивното вежбање би можело да им користи на заболените од тумор за да се поттикнат НК клетките на дејствување, но дека пред тоа се потребни испитувања врз луѓе, како и проучување на влијанието на поинтензивното вежбање врз метастазите или врз должината на животот кај заболените од тумори.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o