Изберете две човечиња и откријте какви сте и што сакате да постигнете

Тестот помага да ја одредите реалната и посакуваната состојба како и социјалниот статус. Треба да изберете две човечиња, првото во кое се препознавате себе, а другото какви сакате да станете.treeimage

Креаторот на овој тест е познатиот британски психолог Пип Вилсон, а го направи за учениците од основноте училишта за да види како напредувале во првите три години од школувањето. Подоцна произлегло дека тестот е одличен и за проценка на возрасните. Тестот помага да ја одредите реалната и посакуваната емоционална состојба, а до одредена мера и социјалниот статус на човекот.

Секое човече на оваа слика е во некое различно расположение и има различна положба на стеблото. Најпрво побарајте го она кое најмногу наликува на вас, во кое се препознавате. Потоа, побарајте го она на кое сакате да личите.

 

 

Објаснување:

Бројот на првото избрано човече говори какви сте сега, а бројот на второто човече какви сакате да станете. Ако во двата случаи изберете ист број, вие сте задоволни со себе и ништо не би менувале.

Пронајдете се:

 

  • Човечиња со броеви 1, 3, 6 или 7 покажуваат олучност, човек кој не се плаши од потешкотии или препреки во животот.
  • Оние под броевите 2, 11, 12, 18 или 19 укажуваат на симпатичен човек кој секогаш е тука за пријателите.
  • Изборот на сликата 4 опишува упорен човек кој сака да постигне успех без расправии во надминувањето на потешкотиите.
  • Бројот 5 покажува некој кој често е уморен и се чувствува слабо, со малку енергија за живот.
  • Човечето со број 9 покаќува дека се работи за весел, забавен и драг човек.
  • Броевите 13 или 21 покажуваат дека некој има тенденција да задржи сѐ за себе, често е исплашен и ги избегнува другите луѓе.
  • Човечето со број 8 опишува фантазер, човек кој живее во сопствен свет, далеку од овој.
  • Броевите 10 и 15 опишуваат прилагоден човек, кој е задоволен од животот.
  • Бројот 14 покажува човек кој е емоционално исцрпен и кај него постои добра шанса да проживуваат внатрешна емоционална криза или немир.
  • Бројот 20 опишува човек со големо чувство за сопствената важност. Тој е роден водич и сака останатите да го слушаат.
  • Човечето со број 16 е човек уморен од поддрќување на другите.
  • Бројот 17 укажува на човек кој мисли дека сите се луди по него.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o