Зошто најдобрите идеи ни доаѓаат кога се тушираме?

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои од нашите најдобри идеи се раѓаат од чиста мира, особено кога сме под туш?tush_kabina

Креативноста, на прв поглед многу „бледа“ активност, всушност е многу специфичен процес кој го активираат неколку фактори.

Во суштина, најдобрите идеи се раѓаат во следниве ситуации:

– Кога се лачи допамин во мозокот. Вежбањето, слушањето музика, и да, туширањето со топла вода, допринесуваат за поголемо лачење на допаминот.

– Кога сме опуштени. Кога сме опуштени и без многу грижи, поголеми се шансите дека нашето внимание ќе го насочиме „нанапред“ – што може да доведе до некои креативни решенија. Веќе е забележано дека при поспаноста и пијанството се зголемува креативноста.

– Кога нешто ни го одвлекува вниманието. Одвлекувањето на вниманието му дава шанса на мозокот да се одмори, со тоа што нашата подсвест може да работи на одреден проблем на доста креативен начин.

Високо ниво на допамин, опуштена состојба и преокупиран мозок – не е ни чудо што најдобрите идеи ни доаѓаат кога се тушираме.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o