Зошто мора да го исклучите мобилниот телефон во авион?

Веројатно сте се прашувале многупати зошто мора да се исклучи мобилниот телефон за време на лет со авион или барем да се вклучи опцијатаavion

 ‘Flight mode’…

Не треба да се преплашите дека ако остане вклучен телефонот, авионот може да падне, шансите за тоа се речиси никакви.

Сепак, тоа не значи дека слободно треба да го оставите вклучен мобилниот телефон во авионот, затоа што сигналот од телефонот за време на летот може да им смета на комуникациските сигнали и на тој начин да им попречува на пилотите. Значи, пилотите може да слушаат прекин во комуникацијата со контролната кула, или силно зуење во слушалките, а секако на оние кои ги имаат вашите и животите на уште стотина луѓе во свои раце, подобро е да не им сметаме со непотребни звуци.

Во пракса, ова ретко се случува, можеби еднаш на 50 летови, а секако многумина не ги гасат своите телефони за време на летот. Сепак, може да дојде и до поголеми проблеми, затоа што докажано е дека еднаш мобилен телефон бил причина за прекин на комуникацијата на пилотот со контролната кула.

Сепак, веројатно вклучениот телефон најверојатно нема да предизвика проблеми, а некои воздухопловни компании воведоа и посебни приватни мрежи на кои патниците може да се врзат, па на тој начин сите се задоволни.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o